Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џулија Робертс со широка насмевка во два костуми ја промовира новата серија „Gaslit“

Џулија Робертс со широка насмевка во два костуми ја промовира новата серија „Gaslit“

Џулија Робертс моментално активно ја промовира новата серија „Gaslit“, во која глуми заедно со Шон Пен.

За таа цел, 54-годишната актерка беше гостинка во шоуто на Стивен Колбер, „The Late Show“.

Ѕвездата од „Pretty Woman“ шармираше со широка насмевка додека се упатуваше во просториите за снимање. Робертс носеше светол жолт костум, а за во емисијата, таа се пресоблече во црн костум со црвени детали.

Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс Џулија Робертс

Фокусот на серијата „Gaslit“ е ставен на аферата Вотергејт и раскажува неколку приказни. Едната се фокусира на Марта Мичел (Џулија Робертс), позната личност од Арканзас и сопруга на Џон Мичел, адвокатот на претседателот на САД, Ричард Никсон.

Вотергејтската афера е политички скандал во САД (1972-1973 година) што настанал со откривањето на уреди за прислушување во изборниот штаб на соперничката Демократска партија во комплексот Вотергејт во Вашингтон. Прислушувањето го организирале приврзаниците на Републиканската партија со знаење на најодговорните луѓе во партијата. Откривањето на тој случај довело до оставка на претседателот на САД, републиканецот Ричард Никсон на 9 август 1974.

Трејлер за „Gaslit“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.