Џош Раднор стапи во брак со Џордана Џејкобс.
49-годишниот актер, познат по улогата на Тед во серијата „How I Met Your Mother“, направи снежна свадба сред зима и сподели фотографии на својот Instagram профил.
„Се оженив пред две недели во лесна снежна бура. Беше неверојатен снежен викенд исполнет со емоции и блаженство. Благодарен сум што толку многу луѓе кои ги сакам допатуваа за да бидат со нас. Не ми се верува колку голема среќа имам што можам да ја наречам оваа неверојатна жена моја сопруга“ – напиша тој.











Џош и Џордана се запозна во февруари 2022 година.






