Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џорџ Клуни се сврши со Амал Аламудин

Џорџ Клуни се сврши со Амал Аламудин

Џорџ Клуни ја побара за жена Амал Аламудин. 52-годишниот актер сè уште ја нема потврдено веста за свршувачката, но странските медиуми добиле потврда од повеќе блиски личности на парот.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Клуни и 36-годишната успешна адвокатка, која е експерт по меѓународно право, биле видени на вечера во Малибу додека прославувале за свршувачката со блиски пријатели, меѓу кои била и Синди Крафорд.

Клуни и Аламудин за првпат беа фотографирани заедно во Лондон во октомври минатата година. Неодамна тие беа на романтично патување во Танзанија и на Сејшелските Острови.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Свршувачката е изненадување за фановите на Клуни, бидејќи тој во текот на годините повеќепати даваше изјави кои испраќаа порака дека никогаш повеќе во животот нема да застане пред олтар. Очигледно Амал го промени неговото мислење за бракот.

Клуни зад себе има еден неуспешен брак. Тој стапи во брак со Талија Балсам во 1989 година, а се разведе во 1993 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.