Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џорџ Клуни и Амал Аламудин по свадбата во Венеција

ФОТО: Џорџ Клуни и Амал Аламудин по свадбата во Венеција

Џорџ Клуни вчера и официјално ги остави зад себе ергенските денови. 53-годишниот актер се ожени за Амал Аламудин, а веста за свадбата беше потврдена од негов претставник за медиумите.

Парот го изговори судбоносното „Да“ за време на приватна церемонија во луксузен ресорт во Венеција, Италија.

Неколкудневната свадбена прослава беше одблиску следена од светските медиуми, но сè уште нема објавени фотографии од самата венчавка.

Денес Клуни и Аламудин беа фотографирани додека се упатуваа на свечен ручек со дел од своите гости. Младенците се смешкаа пред фоторепортерите кои не пропуштија да ги фотографираат и нивните бурми.

Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Ова е втор брак на Клуни, кој многупати изјавуваше дека нема намера повторно да се жени по разводот со Талија Балсам во 1993 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11132 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.