Џиџи Хадид го покажа тонираното тело на третиот роденден на ќеркичката Каи.
28-годишниот модел сподели албум со фотографии за да го одбележи овој важен ден за нив. На една од фотографиите, Џиџи позира на плажа покрај Каи која си игра во песокот. Убавата манекенка носи портокалови бикини кои ја истакнуваат нејзината одлична фигура.

Џиџи им дозволи на фановите да ѕирнат во роденденската прослава на ќерка ѝ покажувајќи ја тортата инспирирана од „Frozen“.
„Оваа недела славевме за нашата тригодишна ќерка. Почестена сум што ѝ сум мајка и што можам да го видам животот преку неа. Среќен роденден на мојата најслатка, најпаметна, најсмела најдобра пријателка. Дете од соништата/ љубов на мојот живот“ – напиша таа.






Каи е дете на Џиџи со Зејн Малик со кого беше во врска од 2015 до крајот на 2021 година.

