Пред неполн месец, Џејн Сејмур зачекори во осмата деценија од животот, но нејзиниот изглед воопшто не го издава тоа.
70-годишната актерка, која се прослави по улогата на една од Бонд-девојките, докажа дека сè уште може да привлекува внимание. За време на одмор на Хаваи, таа ја истакна својата фигура во син костим за капење, а папараци фотографиите ѝ донесоа бројни комплименти.




Џејн е мајка на четири деца, а двете девојчиња на фотографиите се нејзини внуки.







Таа објави и две фотографии од одморот на Instagram.
Сејмур се стекна со меѓународна слава со нејзината улога на Бонд-девојката Солитер во филмот „Live and Let Die“ со Роџер Мур.



