Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеф Безос и Лорен Санчез позираа за „Вог“, зборуваа за веридбата и идната свадба

Џеф Безос и Лорен Санчез позираа за „Вог“, зборуваа за веридбата и идната свадба

Џеф Безос и Лорен Санчез снимија фотосесија за декемвриското издание на „Вог“.

59-годишниот основач на Amazon и неговата сакана вљубено позираа пред фотоапаратот на Ени Либовиц.

Џеф Безос и Лорен Санчез

53-годишната поранешна ТВ водителка, која сега е и пилотка, го истакна сексапилот во креации од Victoria Beckham, Valentino, Dolce & Gabbana, Ferragamo и Ralph Lauren.

Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез

Во интервјуто за модното списание, тие зборуваа за моментот кога се верија и за плановите за свадба.

„Сè уште размислуваме за свадбата и каква ќе биде. Дали ќе биде голема? Дали ќе биде во странство? Сè уште не знаеме. Верени сме само 5 месеци“ – рекла таа.

Џеф ѝ предложи брак на Лорен изминатото лето, криејќи го огромниот дијамантски прстен под нејзината перница по романтична вечера.

„Кога тој ја отвори кутијата, мислам дека се онесвестив малку“ – рече Санчез.

Лорен не крие дека е возбудена што ќе биде сопруга на третиот најбогат човек на светот. Запрашана дали ќе го земе неговото презиме, таа одговори: „Да, сто проценти. Со нетрпение чекам да станам госпоѓа Безос“.

Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез

Џеф и Лорен ја започнаа врската уште додека и двајцата беа во брак. Веста за нивната афера одекна во медиумите само неколку дена откако тој и неговата поранешна сопруга Мекензи објавија дека се разделуваат. Тие беа заедно 25 години.

Џеф Безос и Лорен Санчез Џеф Безос и Лорен Санчез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.