Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Алба сподели неодолива фотографија со трите деца и емотивна порака за мајчинството

Џесика Алба сподели неодолива фотографија со трите деца и емотивна порака за мајчинството

Џесика Алба ужива во мајчинството. Славната актерка и бизнисменка сподели неодолива фотографија со трите деца заедно со искрена порака за мајчинството.

Во емотивниот текст, 37-годишната холивудска ѕвезда ги потсетува мајките да ги ценат сите моменти со своите малечки, бидејќи децата брзо ќе пораснат и мајките ќе копнеат по тие непреспани ноќи, вревата и хаосот во домот.

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

Мајчинство: неверојатно е нели?

Светот ти се превртува целосно наопаку. Сè што досега мислеше дека е важно, не е повеќе. Сите оние нешта што ги земаше здраво за готово – како спиење, јадење на вистински оброк со седење – стануваат најголем луксуз. Малите луѓе те менуваат.

Да сакаш некого и да ти треба толку многу, а истовремено да бидеш сакана и потребна исто толку многу... тоа е најдоброто и најтешкото и најсрцепарателното нешто што постои. Сè уште не можам да поверувам, но моето најголемо бебе има речиси 10 години. И знаете што? Таа нема потреба од мене на истиот начин на којшто имаше некогаш. Тоа е она што ми го крши срцето, но вистина е.

Времето кое го имаме со нашите малечки, кога тие се навистина мали, минува многу брзо. И тоа ми е потсетник да бидам присутна и да го ценам секој хаотичен момент. Секој напад на бес, секое уморно плачење, сите оние денови кои понекогаш ти се чини дека никогаш нема да завршат. Бидејќи вистината е дека ќе завршат.

Кога за првпат станав мајка, сè уште учев за личноста во која се претворив и чувствував дека сè треба да биде совршено. Но сега, за мене е во ред ако моето бебе плаче по малку... бидејќи знам дека ќе биде добро.

И што ако садовите се натрупани во мијалникот... и ако дневната соба не изгледа воопшто како на Instagram фотографијата која сум ја направила 5 секунди претходно. Сето тоа е во ред. Сакам да ви кажам дека дури и ако понекогаш не ви изгледа така, вие ќе се справите. Нема да биде совршено, но вие сте прекрасни мајки и тоа е сè.

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

По повод Денот на мајката, преку својата компанија „The Honest Company“, Алба донира 1,5 милиони пелени на семејства на кои им се потребни.

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10352 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.