Анжелика Колева со револт реагира на загадувањето на воздухот во Скопје, предизвикано од пожарите на депониите.
Познатата уметница, која ја има добиено битката со рак на дојка, одамна е активен и гласен критичар на проблемите што ја засегаат јавноста.
Овојпат таа со остри зборови го осуди континуираниот „екоцид“ кој со години го загрозува животот и здравјето на жителите на главниот град:

Не сте преживеале канцер, затоа ви е океј да терате предизборни кампањи наместо да ангажирате сѐ што е војска и полиција да ги чува депониите.
Не сте чекале ред на онкологија за хемотерапија, затоа ви е океј да дишеме ваков воздух на смрт што мириса.
Не се треселе вашите фамилии пред оперативна сала дали ќе го извадат цел тумор, и не сте чекале резултати од пет скен дали имате метастази, затоа океј ви е да гледате вакво сонце.
Вашите деца не ли го дишат овој отров?! Или безбедни се по школи по светот на чисто и здраво, а ние овде ко случаи за посматрање колку стапа можеме да издржиме?! За децана од Кочани што изгинаа имаше сториња неколку дена и никој веќе не спомнува. За Онкологија исто така! И ред останати глупоштии!
Ова е растроена нација, психички оболена за лајкови и интеракција на мреживе. Непотресени за ништо. За ништо не ги боли, освен за продолжен викенд да врзат. Додека не еволуира овој народ нема спас.
Составот на нашава држава е од Партиски полтрони и ништо повеќе од тоа. Во состојба сте да се угушите самите себеси. Што правиме со вашите деца м? Или ај ништо не е битно ќе клатам врата и зимам плата! Каков народ-таква држава! Толку! СТАВАЈТЕ МАСКИТЕ...да се заштитите де!!