Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џесика Алба убавица во бело за фотосесија, откри дека пандемијата ја научи да ужива во малите моменти

Џесика Алба убавица во бело за фотосесија, откри дека пандемијата ја научи да ужива во малите моменти

Џесика Алба ги краси страниците на најновото издание на „Women’s Health“.

39-годишната актерка, која е мајка на три деца, го покажа одржаното тело во бели костими за капење. Слободно може да се каже дека изгледа феноменално.

Џесика Алба Џесика Алба

Во интервјуто, Џесика зборуваше за нештата кои ги научи од пандемијата, за нејзините тренинзи и исхраната. Таа откри дека повеќе не се убива од вежбање како пред пандемијата, дека има тренинзи два до четири пати неделно и дека многу повеќе се грижи за себе.

„Пандемијата ме научи дека вистинската радост доаѓа од моментите кога играме игри со децата за време на вечерата или кога син ми Хејз сака да ни го покаже најновиот трик на тротинетот или од нашите семејни прошетки. Тоа се нештата кои се навистина важни“ – вели Алба која е мајка на 3-годишниот Хејз, 9-годишната Хевен и 12-годишната Хонор.

Џесика Алба Џесика Алба

„Наутро, си ставам маска за лице и дебел слој балсам за усни за да можам да поседам под тој слој за хидратација додека си го приготвувам кафето. Син ми секогаш ми вели ‘Мамо, што е тоа?’. Секојпат кога ќе ме види со маска на лицето, се однесува како тоа да му е првпат. Но, тоа ме потсетува дека и јас смеам да се грижам за себе. Тоа е мала доза нежна љубов за почеток на денот“ – вели таа за грижата за себе.

Џесика Алба Џесика Алба

Годината која изминува на Алба ѝ ја промени и перспективата од која гледа на вежбањето.

„Секогаш си мислев дека морам да се испотам за да ја претворам мојата тежина во вода, дека треба да вежбам додека мускулите не ми откажат, дека морам да се чувствувам како да сум истрчала маратон – толку голема потреба имав да вежбам“ – вели таа.

Затворањето на фитнес салите ѝ ја прекинало вообичаената рутина и ја потсетило дека не мора да биде толку строга кон себе. „Научив да ги мешам физичките активности и да не чувствувам неуспех ако не се убијам од вежбање“ – вели Алба.

Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.