Џеси Џеј одлучи да го открие идентитетот на таткото на нејзиното синче.
34-годишната пејачка, која роди „виножито“ бебе на 12 мај, објави фотографија од породувањето со царски рез и потврди дека забремени природно од момчето Чанан Сафир Колман. Славната музичарка и 39-годишниот кошаркар се запознале неколку недели по нејзиниот спонтан абортус во ноември 2021 година, а веста дека е повторно бремена таа ја сподели во јануари оваа година.

Еве го нејзиниот пост посветен на Чанан:
Се трудам да ги држам нештата во приватност. Мислам дека ако ме познавате, веќе го знаете тоа. Сакам да ги заштитам луѓето коишто ги сакам и да го чувам тоа само за мене. Многу често се премислувам и си велам колку е краток животот, но не сакам да жалам поради тоа. Кога еднаш ќе ја отвориш врата, не можеш да ја затвориш. Бла бла бла...
Но, го запознав овој маж недели по мојот спонтан абортус во 2021 година. Како зрак светлина, ми ги осветли најтемните денови. Тоа беше инстантна љубов и чудо што забременив природно без никакви проблеми. Ми даде многу од најубавите подароци во мојот живот. Не ми ја пушти раката на овој ден и немаше да бидам способна да го направам ова без него. Смиреност на мојата лудост. Мир на мојот страв. Таткото на моето бебе. Ти благодарам.





Пред пет години, во 2018 година, Џеси сред концерт сподели дека докторите ѝ рекле дека никогаш нема да може да има деца. За да се справи со болката, таа ја напишала песната „Four Letter Word“.
„Пред четири години ми кажаа дека никогаш нема да можам да имам деца. Ова не ви го кажувам за да ме сожалувате, бидејќи јас сум една од милионите жени и мажи кои минале низ ова и ќе минат низ ова.“
„Ова не може да биде нешто што нè определува, но сакав да ја напишам оваа песна за себе во моментите на тага и болка, но исто така за да си дадам радост, за да им дадам на другите луѓе нешто што ќе можат да го слушаат во моментите кога им е навистина тешко.“
„Ако некогаш сте искусиле нешто вакво или сте гледале некој друг кој минувал низ истото или загубил дете, ве молам знајте дека не сте сами во вашата болка и дека мислам на вас додека ја изведувам оваа песна“ – рече тогаш таа.