Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеси Џеј објави видео од породувањето и првата прегратка со бебенцето, партнерот го откри неговото име

Џеси Џеј објави видео од породувањето и првата прегратка со бебенцето, партнерот го откри неговото име

Џеси Џеј е среќна мајка. Славната пејачка со целиот свет ја споделува радоста која дојде во нејзиниот живот со раѓањето на нејзиното синче.

Еден месец по породувањето, 35-годишната музичка ѕвезда објави видео со снимки од породувањето и растењето на бебенцето, а нејзиниот партнер Чанан Сафир Колман го откри името на новороденчето.

Во видеата, Џеси рони солзи-радосници и го држи за првпат синчето кое го доби името Бен Шели, а Чанан ја пресекува папочната врвца.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

„Утре, ти ќе имаш еден месец. Се чувствувам како ова да беше еден долг и најдобар ден во целиот мој живот. Мама и Тато те сакаат повеќе од сè на светот. Ако ме следите на моето патување, многу често ја споделував мојата болка. Сега ве молам придружете ми се во споделувањето на мојата радост“ – напиша Џеси, која доживеа спонтан абортус во ноември 2021 година.

Џеси Џеј Џеси Џеј Џеси Џеј

Пред пет години, во 2018 година, Џеси сред концерт сподели дека докторите ѝ рекле дека никогаш нема да може да има деца. За да се справи со болката, таа ја напишала песната „Four Letter Word“.

„Пред четири години ми кажаа дека никогаш нема да можам да имам деца. Ова не ви го кажувам за да ме сожалувате, бидејќи јас сум една од милионите жени и мажи кои минале низ ова и ќе минат низ ова“ - призна таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.