Џереми Ренер присуствуваше на премиерата на неговата серија „Rennervations“.
52-годишниот актер на синиот тепих пристигна со бастун за рака со 10-годишната ќерка Ава, која му била најголема мотивација за да се опорави. Ова е прво појавување на свеченост на Џереми по новогодишната несреќа во која речиси ќе го изгубеше животот откако беше прегазен со ратрак.









Ѕвездата на Marvel ја доби поддршката од целото семејство. И покрај тоа што сè уште страда од големи болки како последица на 35-те скршени коски, Ренер позираше со широка насмевка на лицето.


„Преплавен сум со благодарност и возбуда какви што немам почувствувано многу, многу долго време. Бидејќи ова не е филм кој го промовирам, ова не е шоу, ова е мојот живот, ова е она што го правам“ – рече Ренер пред фоторепортерите.



Џереми беше прегазен од сопствениот ратрак додека со внукот Алекс се обидувале да го исчистат патот од снегот на Нова година.