Овој период без натрупани професионални обврски, Џенифер Лопез го користи за да се посвети на семејството.
50-годишната пејачка и 12-годишните близнаци Ема и Макс беа фотографирани додека ги шетаа двете кучиња во природа. Музичката ѕвезда носеше бели хеланки и блуза во ментол нијанса.
Џеј Ло, која најчесто ја гледаме со долга коса и гламурозни локни, за промена покажа природно виткана коса.









Лопез претходно беше фотографирана додека плаќаше казна, веројатно за недозволено паркирање. Таа носеше бел костим за капење и фармерски панталончиња.

