Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез сексапилна во црвено за роденденот на Алекс Родригез

Џенифер Лопез сексапилна во црвено за роденденот на Алекс Родригез

Џенифер Лопез и Алекс Родригез нижат забава по забава. Откако пред три дена го прославија 48-миот роденден на славната актерка и пејачка, денес го одбележаа 42-риот роденден на популарниот спортист.

Парот беше фотографиран додека се упатуваше кон бар во Њујорк.

Џенифер со широка насмевка ги поздрави фоторепортерите, облечена во црвен тесен фустан од Bao Trachi. Во својот стајлинг таа вклучи и бежова чанта од Кристијан Лобутин.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Лопез му го честита роденденот на Алекс и со порака на Instagram. „Среќен роденден на мажот кој прави срцето да ми потскокнува секојпат кога ќе влезе во собата... Ти посакувам најдобра година, љубов моја... возбудена сум за сè што Бог има подготвено за тебе“ - напиша таа.

Џеј Ло и Алекс ги прославија родендените и со заедничка забава.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.