Со секој потег, Џенифер Лопез докажува дека е неуморна и дека ништо не може да ја запре во остварувањето на целите.
51-годишната ѕвезда, која и покрај ковид кризата лансираше козметичка линија и активно промовираше нова музика, сега сними фотосесија за списанието „Elle“.


Во интервјуто, Лопез зборуваше за одложувањето на венчавката со Алекс Родригез.„Два пати ја одложивме свадбата. Планиравме нешто што навистина, навистина сакавме да го оствариме, но не знам дали ќе имаме можност да го реализираме. Го откажавме и оттогаш немаме зборувано за тоа. Не се брзаме. Сакаме да го направиме правилно, тогаш кога ќе можеме. Мора да почекаме да видиме каде ќе оди светот“ – изјавила таа.



Една од тајните состојки во нејзините производи за убавина JLo Beauty е екстрактот од маслинка, за кој таа научила уште како девојче од своите мајка и баба.
„Некои од нас имаа посува коса и земаа шишенце маслиново масло и си ставаа на косата. Потоа, си капнуваа на лицето и следниот ден изгледаа како да се во




