Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез во црн аутфит со длабоко деколте прими награда на MTV Movie & TV Awards

Џенифер Лопез во црн аутфит со длабоко деколте прими награда на MTV Movie & TV Awards

Џенифер Лопез доби специјална статуетка на MTV Movie & TV Awards. На славната актерка и пејачка ѝ беше врачена наградата „Generation Award“ за нејзините постигнувања во филмската индустрија.

На свеченоста која се одржа во Санта Моника, 52-годишната ѕвезда се појави во црн аутфит. Фустанот со длабоко деколте е дело на брендот Mônot.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

По примањето на наградата, Лопез одржа говор и не можеше да си ги задржи солзите.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми го дадоа овој живот. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми дадоа радост и на оние кои ми го скршија срцето. Оние кои беа искрени и оние кои ме лажеа. Сакам да ѝ се заблагодарам на вистинската љубов и му благодарам на начинот на кој се лажев себеси, бидејќи така знаев дека треба да растам. Сакам да им се заблагодарам на разочарувањето и неуспехот што ме научија да бидам силна. И на моите деца кои ме научија да сакам. Сакам да им речам благодарам на сите луѓе кои ми велеа, в лице или зад грб, дека не можам да го направам ова. Навистина мислам дека немаше да успеам без вас. И знам дека немаше да го направам ова без фановите кои ги гледаат филмовите, вие сте причината поради која сум тука. Ве сакам“ - рече Лопез во својот говор.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.