Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон им возврати на оние кои секогаш го критикуваат животот и изгледот на славните

Џенифер Анистон им возврати на оние кои секогаш го критикуваат животот и изгледот на славните

Џенифер Анистон неуморно се бори против вечните критичари. Како и секога друга славна личност, таа е уморна од слушање на гласини за начинот на кој го води својот живот и критики за изгледот на нејзиното тело.

Во интервју за „Вог“, 48-годишната актерка зборуваше за постојаните коментари за нејзините изразени брадавици, особено на ТВ екраните во популарната серија „Friends“.

Џенифер Анистон

„Не знам што да речам за тоа. Носам градник. Не знам зошто треба да бидеме засрамени од нив – едноставно такви ми се градите!“

Џенифер Анистон во „Friends“Џенифер Анистон во „Friends“

„Сметам дека проблемот е во таблоидите и рубрики за озборување кои го земаат човековото тело и го ставаат во категорија. Или критикуваат за дебелина, или за изгледот на телото или за тоа што немаш деца. Тоа е чудна опсесија на луѓето и не разбирам точно зошто чувствуваат потреба да критикуваат и исмејуваат лица чија работа е да нè забавуваат? Зошто ги учиме младите жени на тоа? Ова мора да престане! Повеќе не можев да ја слушам приказната за тоа дали сум бремена или не сум. Вие немате претстава што се случува лично во нашите животи...“

„Ако се шеташ со истакнати брадавици, или ако стомакот ти е малку подуен, или ја немаш посакуваната тежина – ти си совршена без разлика на тоа што си, каде си и на кого му е гајле за тоа. Мора да ја игнорираш вревата, што за мене е во ред, бидејќи знам дека сум среќна и здрава и правам сè што можам за да бидам добра за светот и кон луѓето со кои работам“ – рекла таа.

Џенифер Анистон во „Friends“Џенифер Анистон во „Friends“

Минатата година, Анистон напиша моќен есеј во кој потенцираше дека жените не треба да бидат дефинирани и вреднувани според нивниот брачен или мајчински статус.

„Ние сме целосни со или без партнер, со или без дете. Ние одлучуваме што е убаво за нас кога се работи за нашето тело. Таа одлука е наша и само наша. Нема потреба да бидеме во брак или мајки за да сме комплетни. Ние сами решаваме што значи „среќни до крајот на животот“.

„Работев премногу напорно во овој живот и во оваа кариера за да ме сведат на тажна личност без дете“ – коментирала таа.

Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.