Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон згодна во нова фотосесија, сподели правила за здравје кон кои се придржува

Џенифер Анистон згодна во нова фотосесија, сподели правила за здравје кон кои се придржува

Џенифер Анистон го негува своето физичко и ментално здравје, а во најновото интервју сподели правила кон кои секојдневно се придржува за да го постигне тоа.

54-годишната актерка сними црно-бела фотосесија за CR Fashion Book и ги сподели своите велнес совети. „Пијам многу вода, секојдневно го движам телото, се обидувам да јадам помалку преработена и свежа храна и да спијам колку што можам повеќе. Последниот дел тешко ми оди, но е многу важен. Веднаш чувствувам последици кога не спијам доволно“ – изјавила Анистон.

„Се обидувам да бидам навистина внимателна за тоа што дозволувам да влезе во мојата глава. Нашиот свет минува низ некои предизвици и знам дека на сите ни е многу важно, но понекогаш сметам дека е императив да ја исклучиме вревата“ – дополнила ѕвездата од „Friends“.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Неодамна, Анистон откри нова фитнес програма во која инстрантно се вљубила. Станува збор за Pvolve метод, кој соединува функционални тренинзи и опрема со отпор.

„Мотивирана сум да вежбам како што не сум била со години. Се радувам на попредизвикувачките часови и се чувствувам посилно и поудобно во моето тело кога го правам тоа. Секојпат е различно, мислам дека не сум имала ист час двапати“ – открила Анистон.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25597 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.