Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон за покојниот Метју Пери: „Беше среќен и здрав... Многу ме смееше и ми недостига“

Џенифер Анистон за покојниот Метју Пери: „Беше среќен и здрав... Многу ме смееше и ми недостига“

Џенифер Анистон сака луѓето да го паметат Мерју Пери како среќна и забавна личност.

Во првото интервју по неговата смрт, 54-годишната ѕвезда од „Пријатели“ била запрашана како треба светот да го запамети нејзиниот колега и пријател, а таа одговорила:

„Како што тој рече дека сака да биде запаметен“ – рекла Анистон и додала: „Беше среќен. Беше здрав. Се откажа од пушењето. Влегуваше во форма. Беше среќен, тоа е сè што знам“.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Славната актерка сподели дека се допишувала со него токму тоа утро пред да биде пронајден мртов во џакузито во неговиот дом.

„Буквално си разменувавме пораки со него токму тоа утро, смешен Мети. Немаше болки, немаше потешкотии... Беше среќен“.

„Сакам луѓето да знаат дека навистина беше здрав и дека заздравуваше. Имаше цел. Работеше многу напорно. Многу ми недостига. На сите ни недостига. Многу нè смееше“ – рекла таа.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Пери имаше само 54 години кога почина на 28 октомври оваа година.

Харизматичниот актер беше најпознат по улогата на Чендлер во „Friends“ (Пријатели), а беше ѕвезда или гостуваше во бројни ТВ проекти како „Boys Will Be Boys“, „Growing Pains“, „Silver Spoons“, „Charles in Charge“, „Beverly Hills, 90210“, „Home Free“, „Ally McBeal“ и „Scrubs“.

Имаше снимено и повеќе филмови меѓу кои и „Fools Rush In“, „The Whole Nine Yards“, „Three to Tango“, „The Kid“ и „17 Again“.

Иако на екраните пленеше со веселоста, зад камерите водеше тешка битка со алкохолизмот и зависноста од опоиди. Во своите мемоари, тој призна дека започнал да пие од 14 години и според негова проценка, имал потрошено околу 7 милиони долари за да остане трезен. Неколку пати престојуваше во центри за рехабилитација, но не успеваше да се ослободи од зависноста. Како последица на тоа, имаше редица здравствени проблеми.

Во неодамнешно интервју, Пери изјави дека сака да биде запаметен „како типот кој го живееше животот, љубеше добро, живееше добро и им помагаше на луѓето“.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.