Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенет Џексон потврди дека на 50 години ќе стане мајка и го покажа трудничкото стомаче

Џенет Џексон потврди дека на 50 години ќе стане мајка и го покажа трудничкото стомаче

Џенет Џексон на 50 години ќе стане мајка. Славната пејачка го очекува своето прво дете, а убавата вест официјално ја потврди за „People“ и сними фотосесија на која го покажува трудничкото стомаче.

За списанието, музичката ѕвезда изјавила дека со сопругот Висам Ал Мана се чувствуваат благословени што ќе станат родители. „Му благодариме на Бога за нашиот благослов“ – рекла таа.

Засега е објавена само една фотографија на која среќната идна мајка си го гали стомачето.

Џенет Џексон

Веста дека со сопругот планираат да основаат семејство Џенет ја сподели пред неколку месеци, кога објави дека ја одложува својата светска турнеја „Unbreakable“ поради препорака од докторите. „Јас и мојот сопруг планираме да основаме семејство, па морам да ја одложам турнејата. Ве молам да разберете дека ми е важно да го направам ова сега. Докторите ми наредија да одмарам“ – им вели Џенет на своите фанови во видео кое го сподели на Twitter.

Видео

Џенет и Висам тајно стапија во брак во 2012 година.

Џенет Џексон Џенет Џексон Џенет Џексон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.