Џастин Тимберлејк официјално ја потврди веста дека со Џесика Бил тајно добија уште едно дете. Веста допре до светската јавност во јули минатата година, но парот никогаш не ги потврди информациите.
Сега, 6 месеци подоцна, 39-годишниот пејач ја потврди веста дека има уште еден син со 38-годишната актерка и дека целата бременост беше чувана во тајност. Бебенцето го добило името Финијас.
„Пресладок е и никој не спие. Но, возбудени сме и не можеме да бидеме посреќни. Благодарни сме“ – рече тој во интервју со Елен Деџенерис.
Џастин и Џесика имаат уште еден син, 5-годишниот Сајлас.



