Семејството на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се прошири за уште еден мал член. Славниот пар го доби второто дете.
Според информации на DailyMail, 38-годишната актерка роди момче, а целата бременост беше чувана во тајност.

Џастин и Џесика имаат уште едно синче, 5-годишниот Сајлас.

Џесика објави фотографии од прославата за нејзиниот роденден во март, но го криеше трудничкото стомаче.
Тимберлејк и Бил започнаа да се состануваат во 2007 година, а стапија во брак во 2012 година.




