Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Тимберлејк на семеен одмор со сопругата и двете деца по скандалот со Бритни Спирс

Џастин Тимберлејк на семеен одмор со сопругата и двете деца по скандалот со Бритни Спирс

Џастин Тимберлејк со семејството замина на одмор во Мексико по скандалот со Бритни Спирс.

42-годишниот пејач беше фотографиран со сопругата Џесика Бил и двата сина откако неговата поранешна девојка Бритни откри дека абортирала кога имала 19 години затоа што тој не сакал да биде татко.

Џесика изгледаше одлично во црно-бели бикини додека се релаксираше со саканиот и децата во Кабо Сан Лукас.

Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк

Во изминатиот период, Џастин беше дел од многу наслови и од многу коментари на социјалните мрежи поради објавувањето на книгата на Бритни Спирс, „The Woman In Me“. Иако не даде никаква изјава во врска со напишаното во книгата, тој ги исклучи коментарите на Instagram. Според извори блиски до него, таа одлука била донесена како последица на „одвратните нешта кои ги кажуваат луѓето“.

Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк Џастин Тимберлејк

Во „The Woman In Me“ таа за првпат се отвори за абортусот во 2000 година и сподели дека Џастин ја изневерувал за време на нивната 3-годишна врска.

„Тоа беше изненадување, но за мене, не беше трагедија. Многу го сакав Џастин. Секогаш очекував дека еден ден заедно ќе имаме семејство. Ова ќе беше многу порано одошто очекував.“

„Тој рече дека не сме подготвени да имаме бебе во нашите живот, дека сме премногу млади. Сигурно луѓето ќе ме мразат поради ова, но се согласив да немаме бебе“ – напиша таа за прекинот на бременоста.

Џастин и Бритни беа заедно од 1999 до 2002 година.

Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс Џастин Тимберлејк и Бритни Спирс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.