Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќе ве разнежни: Мјузиклот „Тајно моја“ во чест на непреболениот Тоше Проески

Ќе ве разнежни: Мјузиклот „Тајно моја“ во чест на непреболениот Тоше Проески

Немавте шанса во живо да го гледате мјузиклот „Тајно моја“, посветен на нашиот ангел Тоше Проески? Сега можете да уживате во него од удобноста на вашиот дом.

„Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „The Hardest Thing“... бројни хитови на македонскиот „славеј“ се вклучени во претставата.

Мјузиклот ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски „Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „ТАЈНО МОЈА“ ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

ВИДЕО

„Тајно моја“ е проект во копродукција со фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда, а беше остварен пред 3 години, по повод 10 години од неговата прерана смрт.

Игор Џамбазов, Антониа Гиговска, Александар Тарабунов, Весна Петрушевска и Сара Мејс се меѓу лицата кои учествуваа во мјузиклот режиран од Тони Михајловски.

Мјузикл „Тајно моја“ Мјузикл „Тајно моја“ Мјузикл „Тајно моја“ Мјузикл „Тајно моја“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11439 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.