Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќе ве насмее: Реакцијата на Дејвид Бекам кога Џејмс Корден ќе се пошегува со него со ужасна статуа

Ќе ве насмее: Реакцијата на Дејвид Бекам кога Џејмс Корден ќе се пошегува со него со ужасна статуа

Џејмс Корден се пошегува со својот добар пријател Дејвид Бекам, а видеото од „пренкот“ стана вирален хит.

Славниот комичар дозна дека Дејвид ќе добие своја статуа, па одлучи да си поигра со неговото трпение. Имено, тој нарача втора статуа која воопшто не наликува на Бекам и побара да бидат потенцирани мааните кои ги посочил Дејвид на претходно разгледување – издолжена брада и голем задник.

Камери од сите агли ја снимија реакцијата на Дејвид кога му беше презентирана статуата.

Иако воопшто не е задоволен од изгледот, Бекам смирено му се обраќа на наводниот скулптор: „Погледни ја брадата... Нема шанси тоа да излезе на стадион. Моите родители доаѓаат од Лондон. Жена ми доаѓа. Погледни колку ми се долги рацете... Среќа е што моите деца не доаѓаат, затоа што ако моите деца го видат ова, искрено мислам дека би заплакале. Не сакам да те навредам на никаков начин...“

Видео

Џејмс дури и ангажира актер кој го нарекуваше популарниот спортист Дејв (како што го нарекувала само мајка му) и му го погреши името на клубот во кој играше со години.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11139 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.