Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Љубовта кон нив е чиста и безусловна“: Џенифер Лопез со компилација од видеа го одбележа роденденот на близнаците

„Љубовта кон нив е чиста и безусловна“: Џенифер Лопез со компилација од видеа го одбележа роденденот на близнаците

Децата на Џенифер Лопез пливат во тинејџерските води. Близнаците Еми и Макс го прославија 14-тиот роденден.

По тој повод, 52-годишната пејачка и актерка објави компилација од снимки со слатки семејни моменти.

„Моите бебиња, моите сонца, моите љубови. Најсреќен роденден на моите два кокоси. Вие ме научивте на вистинското значење на животот и ме променивте засекогаш на најубавиот начин. Благодарана сум за вас!“ – стои во описот на Instagram.

„Љубовта која ја чувствувам кон нив е толку чиста и безусловна, што ме натера да почнам да преиспитувам сè во мојот живот“ – вели Лопез во видеото.

Близнаците Еми и Макс се деца на Лопез со Марк Антони.

Лопез и Антони со децата Лопез и Антони со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.