Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Љубов, предавство, одмазда и убиство“: Трејлер за филмот за модната империја Гучи со Лејди Гага и Адам Драјвер

„Љубов, предавство, одмазда и убиство“: Трејлер за филмот за модната империја Гучи со Лејди Гага и Адам Драјвер

Лејди Гага и Адам Драјвер ќе ги портретираат Маурицио Гучи и Патриција Реџани во новиот филм „House of Gucci“.

Филмот е инспириран од шокантната приказна за семејната империја која стои зад италијанската модна куќа Гучи. Со опфаќањето на три децении љубов, предавство, одмазда и убиство, прикажано е колку големо значење има едно име и колку далеку едно семејство може да оди за да поседува контрола и моќ.

„House of Gucci“е во режија на Ридли Скот, а во него се појавуваат и Џаред Лето, Салма Хајек, Ал Пачино и Џереми Ајронс.

Премиерата е закажана за ноември оваа година.

House of Gucci

Накратко за сторијата која го инспирира филмот:

По 12 години брачен живот, Маурицио Гучи, наследникот на модната империја Гучи, ја напушти својата сопруга Патриција за помлада љубовница. Тој ѝ кажа дека заминува на бизнис патување и никогаш не се врати дома во 1985 година. Во 1991 година, тие и официјално се разведоа.

Пет години Маурицио беше на чело на Гучи, но во 1993 година беше принуден да ги продаде сите акции за 170 милиони долари. Околу година и пол подоцна, тој беше убиен на скалите пред канцеларијата во која работеше.

Патриција беше осудена на 29 години затвор за организирање на неговото убиство преку платен убиец. Таа е нарекувана „црната вдовица“. По 18 години поминати зад решетки, Патриција беше ослободена во октомври 2016 година.

House of Gucci

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.