Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага впечатлива во виолетов фустан од Гучи на премиерата на „House of Gucci“

Лејди Гага впечатлива во виолетов фустан од Гучи на премиерата на „House of Gucci“

Лејди Гага со ефектен стајлинг го освојуваше вниманието на вечерашната премиера на „House of Gucci“.

Филмската и музичка ѕвезда зачекори на црвениот тепих во Лондон во виолетова креација од Гучи, која ги отскриваше нејзините мрежести чорапи и ултра високи чизми.

House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci

На Гага ѝ се придружија колегите од филмската драма – Адам Драјвер, Џаред Лето и Салма Хајек.

House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci House of Gucci

Во долгоочекуваниот филм, Лејди Гага влегува во улогата на Патриција Реџани додека Адам го портретира Маурицио Гучи.

Филмот ги следи настаните кои доведоа до убиството на Маурицио, нарачано од Патриција, која токму затоа е нарекувана и „Црната вдовица“.

Трејлер за „House of Gucci“

Накратко за сторијата која го инспирира филмот:

По 12 години брачен живот, Маурицио Гучи, наследникот на модната империја Гучи, ја напушти својата сопруга Патриција за помлада љубовница. Тој во 1985 година ѝ кажа дека заминува на бизнис патување и никогаш не се врати дома. Во 1991 година, тие и официјално се разведоа.

Пет години Маурицио беше на чело на Гучи, но во 1993 година беше принуден да ги продаде сите акции за 170 милиони долари. Околу година и пол подоцна, беше убиен на скалите пред канцеларијата во која работеше.

Патриција беше осудена на 29 години затвор за организирање на неговото убиство преку платен убиец. По 18 години поминати зад решетки, таа беше ослободена во октомври 2016 година.

Премиерата е закажана за 24 ноември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.