Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага е „Црната вдовица“ во новиот трејлер за империјата Гучи

Лејди Гага е „Црната вдовица“ во новиот трејлер за империјата Гучи

Најновиот трејлер за филмската драма „House of Gucci“ за модната империја Гучи е фокусиран на ликот на Лејди Гага. Популарната пејачка влегува во улогата на Патриција Реџани додека Адам Драјвер го портретира Маурицио Гучи.

Видеото ги следи настаните кои доведоа до убиството на Маурицио, нарачано од Патриција, која токму затоа е нарекувана и „Црната вдовица“.

Трејлер за „House of Gucci“

Накратко за сторијата која го инспирира филмот:

По 12 години брачен живот, Маурицио Гучи, наследникот на модната империја Гучи, ја напушти својата сопруга Патриција за помлада љубовница. Тој во 1985 година ѝ кажа дека заминува на бизнис патување и никогаш не се врати дома. Во 1991 година, тие и официјално се разведоа.

Пет години Маурицио беше на чело на Гучи, но во 1993 година беше принуден да ги продаде сите акции за 170 милиони долари. Околу година и пол подоцна, беше убиен на скалите пред канцеларијата во која работеше.

Патриција беше осудена на 29 години затвор за организирање на неговото убиство преку платен убиец. По 18 години поминати зад решетки, таа беше ослободена во октомври 2016 година.

Во филмот, чија премиера е закажана за 24 ноември, се појавуваат и Џаред Лето, Салма Хајек, Ал Пачино и Џереми Ајронс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.