Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јубилеј: 50 години Универзална сала Скопје

Јубилеј: 50 години Универзална сала Скопје

Комерцијален текст

Универзалната сала официјално беше пуштена во употреба на 10 јануари 1966 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје, како резултат на светската солидарност и помош, со изведба на драмската претстава „Виктор или деца на власта“ во изведба на „Атеље 212“ од Белград. Веќе на 16 јануари 1966 е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински. Оттогаш до денес се одржани над 5.700 манифестации, следени од над 8.500.000 посетители.

Универзална сала Универзална сала Универзална сала

Илјадници и илјадници поклоници на добрата забава, доаѓаа во сите периоди од годината, веќе 50 години во Универзална сала која од пред една година го носи името Конгресен центар Александар Македонски.

Универзална сала отсекогаш била центарот на сите важни случувања во Скопје. Од фестивали и разно разни манифестации до концерти на нашите омилени пејачи и групи. Нема човек кој барем еднаш не ја искусил атмосферата во оваа мала магична сала со која расневме преку фестивалите на „Златно славејче“ и „Поточиња“. Потоа „Скопје фест“, „Златна буба мара на популарноста“, спортски настани, „Глумците пеат“, „12-те величенствени“ и многу други манифестации кои ја забавуваа публиката и ги правеа задоволни лицата на граѓаните. Многу песни се испеани и многу награди се доделени во овој објект. Пејачите и групите од Македонија и тогашните Југословенски простор како Леб и сол, Архангел, Бајага, Парни Ваљак, Рибја Чорба, Бело дугме и други како и Лепа Брена, Неда Украден, Мишо Ковач редовно гостуваа.

Универзална сала Универзална сала Универзална сала

Незаборавниот концерт на светската музичка легенда Брајан Фери...

Бината на универзална нудеше амбиент за сите музички жанрови.

Универзална сала Универзална сала

Тука, секоја година, редовно се одржуваше и престижниот скопски Џез- фестивал…уживавме во настапите на величествените Cesária Évora, Ray Charles, Tito Puente, Youssou N’dour, Мариса Монте, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, Social Club и многу други.

Многу луѓе се усреќени, многу љубови се родени на ова место и ретко кој си заминал без да биде посреќен од моментот кога дошол.

Универзална сала Универзална сала

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11241 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.