Таско ужива во заслужен одмор со своето семејство откако објави дека 15 години пиел алкохол, но е трезен веќе осум месеци.
Македонскиот рапер и неговата сопруга Наташа летово избраа мирна дестинација за да поминат квалитетно време со двете мали деца Лукијан и Кирјана.


Од фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи, може да се забележи дека тој е среќен и дека со гордост стои зад својата одлука да направи животна промена.




„8 месеци сум трезен. Сакам ќерка ми да знае дека љубовта не боли. Сакам син ми да знае дека вистинската машкост значи грижа, доследност и срце. Нивниот прв херој и прва љубов – сум јас. И нема да ги изневерам“ – напиша музичарот во една од своите објави.










Таско и Наташа стапија во брак во 2022 година.
