Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Александра Радовиќ шармантна ѕвезда на хуманитарниот концерт во чест на Тоше Проески во Штип

Александра Радовиќ шармантна ѕвезда на хуманитарниот концерт во чест на Тоше Проески во Штип

Александра Радовиќ беше специјална гостинка на синоќешниот концерт во чест на Тоше Проески.

Српската ѕвезда шармираше на сцената во Домот на млади во Штип. Шармантната пејачка се појави на сцената во елегантен кафеав фустан кој совршено ѝ ја истакна фигурата и ја потврди нејзината ненаметлива женственост. Со раскошниот вокал и топлината, таа успеа да ја освои салата уште со првите ноти. Гласните аплаузи што следеа беа доказ за тоа дека нејзиниот настап беше вистинско уживање за сите присутни.

Пред фановите на Тоше, таа ги отпеа „Пратим те“ и „Чија си“.

Александра Радовиќ Александра Радовиќ Александра Радовиќ Александра Радовиќ

Радовиќ, која настапи меѓу десетина македонски ѕвезди, многупати има зборувано за Тоше со одушевување. Во неодамнешно интервју, таа рече: „Тој имаше посебна емоција, посебна интерпретација, едноставно не беше како другите пејачи. Бог му имаше дадено сè, и убава боја на гласот и талент и филигрански пристап кон мелодиите“.

Александра Радовиќ Александра Радовиќ Александра Радовиќ Александра Радовиќ Александра Радовиќ Александра Радовиќ

Фото: Тоши Трајчев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28520 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.