Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роби Вилијамс: Мобилните телефони се „дрога“, моите деца нема да ги користат

Роби Вилијамс: Мобилните телефони се „дрога“, моите деца нема да ги користат

Роби Вилијамс откри дека неговите четири деца немаат и нема да имаат мобилни телефони уште долго време.

51-годишниот британски пејач, го спореди интернетот со „дрога“ и изјави дека не сака да ги изложи своите деца на нешто што, според него, е штетно.

Роби Вилијамс

Тој додаде дека интернетот често му го расипува денот и дека сака да ја заштити својата фамилија од негативното влијание на технологијата.

„Моите деца немаат телефони и нема ни да имаат уште колку што е човечки возможно. Одат на училиште и велат: ‘Другите деца имаат телефони, зошто јас не можам да имам?’ Јас имам 51 година и не можам да се справам со корозивната природа на интернетот. Ме повредува, ми го уништува денот.“

„Како можам да им ја дадам оваа дрога на 12-годишно или 7-годишно дете? Тоа е злоупотреба“ – рече Вилијамс.

@itvnews Robbie Williams has explained why he won’t let his children have phones. #itvnews #robbiewilliams ♬ original sound - itvnews

Роби е во брак со Ајда Филд од август 2010 година. Тие имаат четири деца – 12-годишната Теодора, 10-годишниот Чарлтон, 7-годишната Колет и 5-годишниот Боу.

Роби Вилијамс Роби Вилијамс Роби Вилијамс

Парот не ги покажува лицата на децата. Теодора беше фотографирана кога присуствуваше на свадбата на Меган Маркл и принцот Хари.

Роби Вилијамс Роби Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28520 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.