Мили Боби Браун и Џек Бонџови започнуваат ново возбудливо поглавје.
Парот, кој стапи во брак во мај минатата година, сподели дека посвои девојче.
„Ова лето, ја добивме нашата мила ќеркичка преку посвојување. Превозбудени сме што го започнуваме ова следно поглавје на родителството во мир и приватност... И тогаш станавме тројца.“.


Мили и Џек започнаа да се состануваат во јуни 2021 година, а во април 2023 година објавија дека се верија.


