Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Киев

Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Киев

И официјално беше објавено името на македонската ѕвезда која ќе нè претставува на Евровизија 2017.

Македонската Радио Телевизија одлучи во Киев да ја испрати Јана Бурческа, пејачката која се прослави со учеството во шоуто „Македонски идол“.

Јана Бурческа

Во објавата на МРТ се вели: „МРТ смета дека соработката што следува со Јана Бурческа, заедно со авторскиот тим на композицијата којашто ќе биде одбрана, ќе резултира со модерен и пред сè атрактивен евровизиски производ, со афирмативен национален карактер во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.“

Јана Бурческа

Следната година Евровизија ќе се одржи во Киев, по победата на Џамала со песната „1944“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.