Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шик дама: Кејт Бланчет со модерна интерпретација на стилска класика пристигна во Венеција

Шик дама: Кејт Бланчет со модерна интерпретација на стилска класика пристигна во Венеција

Денеска започнува 77-мото издание на Филмскиот фестивал во Венеција. Ова е прв голем филмски настан во услови на пандемија.

Кејт Бланчет пристигна во шармантниот италијански град и почитувајќи ги мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, носеше марама при близок контакт со други лица.

51-годишната Оскаровка, која годинава е Претседателка на жирито на Фестивалот, позираше пред намалениот број на фоторепортери облечена во модерна интерпретација на класичната комбинација со сако и елегантни панталони.

Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција

Тилда Свинтон, која ќе ја прими наградата за животно дело, исто така беше фотографирана по пристигнувањето во Венеција.

Филмскиот фестивал во Венеција Филмскиот фестивал во Венеција

За одржувањето на најстариот фестивал е предвидено да се почитуваат строги мерки, како постојано мерење на телесната температура на гостите, одржување на физичка дистанца, контролни тестови кои се задолжителни и по неколкупати за присутните од земјите надвор од Европа и од земји како Шпанија.

Фестивалот, кој ќе биде отворен со италијанскиот филм „The Ties“ (Lacci), ќе трае до 12 септември.

Филмскиот фестивал во Венеција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.