Денес во Италија се одбележува Денот на таткото, па по тој повод, Шерон Фонсека сподели видео полно со татковска љубов и посветеност.
Со снимката, која ги покажува дружбите на Џанлука Ваки и нивната мала ќерка, таа му го честита празникот.
„Ти си најдобриот татко што некогаш можев да го замислам за нашиот ангел! Таа е многу среќна што те има! Те сакаме бескрајно“ – му порача убавата Венецуелка.
26-годишниот модел и 53-годишниот бизнисмен ја добија Блу Џерусалема Ваки во октомври минатата година.






