Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шенон Доерти се разведува сред битката со рак, сопругот ја изневерувал со менаџерката

Шенон Доерти се разведува сред битката со рак, сопругот ја изневерувал со менаџерката

Шенон Доерти се разведува од Курт Исвариенко по 11 години брачен живот.

52-годишната ѕвезда од хит серијата „Беверли Хилс 90210“ поднесе документи за развод додека истовремено се бори со рак на дојка во четврт стадиум. Наводно, причината за овој потег на Шенон билa неговото неверство.

Шенон Доерти

Менаџерката на Доерти, Лесли Слоун, во изјава за TMZ рекла:

„Разводот е последното нешто што го посакуваше Шенон. За жал, чувствуваше дека не ѝ останува друга опција. Можете да контактирате со агентката на Курт, Колиер Грим, која e интимно инволвирана во ова“.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Извори блиски до парот споделиле дека Шенон и Курт се разделиле уште во јануари.

Двојката стапи во брак во октомври 2011 година. Курт ѝ е трет сопруг на Шенон и заедно немаат деца.

Шенон Доерти Шенон Доерти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.