Шенон Доерти истовремено помина низ два од најтешките моменти во нејзиниот живот.
Додека се борела со ракот, нејзиниот сопруг Курт Исвариенко ја изневерувал, а таа дознала за тоа непосредно пред операцијата на мозокот.


52-годишната ѕвезда од серијата „Беверли Хилс, 90210“ се отвори за болниот период на примање хемотерапии, за опаѓањето на косата, но и за моментот кога завршил нејзиниот 11-годишен брак. Во својот подкаст „Let's Be Clear with Shannen Doherty“ рече:
„Направив операција на мозокот, што беше најстрашното нешто низ кое сум поминала во целиот мој живот. Не мислев дека ќе преживеам, сигурна бев дека ќе умрам. Најдоброто сценарио во мојата глава беше дека ако не умрам, ќе ја загубам способноста да одам, да зборувам...“
„Отидов на таа операција рано наутро и влегов откако дознав дека мојот брак всушност е завршен, дека мојот сопруг имал афера две години. Не можев да одам на таа операција ако тој биде таму. Се чувствував изневерена“.



„На крајот од денот, едноставно се чувствував неверојатно несакана од некој со кој бев 14 години, од некој кој го сакав со целото мое срце – рекла Доерти, додавајќи дека нејзината мајка, брат ѝ и најдобрите пријатели биле нејзина огромна поддршка во текот на операцијата.




Целта на подкасот на актерката е луѓето да престанат да им веруваат на шпекулациите и на она што кружи во јавноста и вистински да ја запознаат како личност. Преку својата приказна, таа сака да поттикне надеж и утеха кај своите обожаватели.
Шенон се прослави со улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс 90210“, а подоцна и како Пру во серијата „Волшебнички“.
Доерти зборува јавно и ги споделува сите детали со надеж дека ќе помогне во подигнувањето на свеста и во собирање средства за истражување на ракот. „Лудо е што сè уште немаме лек“ – вели таа.
