Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Шармирај ја“ – ново видео од дизниевата бајка „Убавицата и ѕверот“

„Шармирај ја“ – ново видео од дизниевата бајка „Убавицата и ѕверот“

Остануваат уште два месеци до премиерата на филмската верзија на „Убавицата и ѕверот“. Додека расте нетрпеливоста на фановите на дизниевите бајки, беше објавено ново видео од филмот, кое прикажува повеќе моменти помеѓу Бела и Ѕверот.

Во видеозаписот насловен „Шармирај ја“, госпоѓа Потс, Лумиер и Когсворт го советуваат Ѕверот да се обиде да ја шармира Бела, бидејќи има шанси токму таа да биде девојката која ќе ја скрши магијата.

Филмот ќе започне да се прикажува на 17 март оваа година. Бела ќе биде глумена од Ема Вотсон, а во улогата на Ѕверот ќе влезе Ден Стивенс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11509 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.