Данијела Мартиновиќ изгледаше феноменално во најновото издание на „Zvijezde pjevaju“.
На сцената, 51-годишната хрватска пејачка зрачеше со гламур и елеганција во креација со потпис на славниот американски дизајнер Зак Позен.
За изгледот се погрижи нејзината блиска пријателка и стилистка Барбара Репе.








Данијела е член на жирито, заедно со Марко Тоља и Марио Липовшек. Тие заедно настапија за да ја отворат новата сезона.