Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шарлиз Терон отворено проговори за ноќта кога мајка ѝ го уби нејзиниот татко

Шарлиз Терон отворено проговори за ноќта кога мајка ѝ го уби нејзиниот татко

Шарлиз Терон се отвори за мрачниот период од нејзиниот живот. 41-годишната актерка проговори за живеењето со татко алкохоличар и за ноќта кога мајка ѝ го уби нејзиниот татко.

Имено, кога Шарлиз имала 15 години, нејзиниот татко Чарлс физички ја нападнал нејзината мајка Герда и во пијана состојба им се заканувал на двете. Заштитувајќи се себеси и својата ќерка, Герда го застрелала Чарлс. Бидејќи убиството било во самоодбрана, против Герда не било покренато обвинение.

Шарлиз Терон

„Се однесував како да не се случило тоа. Не кажав никому, не сакав да кажувам никому. Кога и да ме прашаше некој, велев дека татко ми почина во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да кажува таква сторија? Никој не би сакал да кажува таква сторија. Не сакав да се чувствувам како жртва. Се измачував со тоа многу години додека не започнав со терапија“ – раскажа Терон во шоуто на Хауард Стерн.

Холивудската ѕвезда признала дека растењето со алкохоличар оставило силни траги во нејзиниот живот и дека терапијата ѝ помогнала да го осознае тоа.

За својата мајка, Шарлиз изјави: „Имам неверојатна мајка. Таа ми е огромна инспирација во животот... Нејзината филозофија беше: Ова е ужасно. Признај дека е ужасно. И направи избор. Дали ова ќе те дефинира? Дали ќе потонеш или ќе пливаш?“

Шарлиз со мајка сиШарлиз со мајка си

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27137 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.