Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шакира за мајчинството: „Тоа е најтешката работа која сум ја имала“

Шакира за мајчинството: „Тоа е најтешката работа која сум ја имала“

Шакира е ѕвездата од септемвриското издание на „Hola“. 40-годишната пејачка сними фотосесија за познатото списание и зборуваше за мајчинството и за Жерар Пике.

Шакира

Во интервјуто, славната Колумбијка изјавила дека за да ги заврши сите обврски во денот, ѝ се потребни 32, а не 24 часа. „Сметам дека сите жени се соочуваат со истата ситуација. Порано бев центарот на мојот свет, а сега сум само сателит на моите деца“ – рекла таа.

Шакира

„Тоа е најтешката работа која сум ја имала. Никогаш не мислев дека ќе биде толку тешко, бидејќи одзема многу енергија. Постојано мислам на семејството, загрижена сум за нив по цел ден. Тоа ме исцрпува физички, емоционално и интелектуално“ – додала популарната пејачка, која е мајка на 4-годишниот Милан и 2-годишниот Саша.

Шакира

Шакира зборувала и за плановите да се откаже од својата музичка кариера, бидејќи снимањето на нов музички албум ѝ изгледало претешко, а реализацијата ја споредила со искачување на Монт Еверест.

„Ова се нештата кои ти минуваат низ главата навечер, но затоа секој има семејство кое се грижи за него и му помага повторно да застане цврсто на нозе. Му благодарам на Бога што го пронајдов тој стимул повторно, бидејќи сега, повеќе отсекогаш, сакам да пеам и да одам на турнеи“ – додала Шакира.

Шакира

Музичката ѕвезда зборуваше и за својот партнер Жерар Пике и како ги балансираат семејниот живот и нивните успешни кариери. „Го правиме најдоброто што можеме. Имаме многу љубов, а тоа е основата на секое семејство. Мораш да се грижиш и да му посветуваш внимание и време. Семејството е најважното нешто за мене“ – објаснила Шакира.

Семејни фотографии на Шакира и Пике

Шакира сними и фотосесија за „Harper's Bazaar“.

Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.