Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шакира во ултра мини фустанче ја прими наградата „Жена на годината“ на Billboard

Шакира во ултра мини фустанче ја прими наградата „Жена на годината“ на Billboard

Шакира е првата латино дива која ја доби наградата Жена на годината на Billboard. 46-годишната пејачка го прими признанието на церемонија во Мајами.

Наградата на славната Колумбијка ѝ беше врачена од нејзиниот колега Малума по што одржа говор за силата на жените.

На церемонијата, Шакира се појави во ултра мини фустан од Дејвид Кома.

Шакира Шакира Шакира Шакира

Ова е нејзиниот говор:

Ова беше година на сеизмички промени во мојот живот, кога јас почувствував повеќе од секогаш и многу лично како е да си жена. И што навистина значи да си жена.

Ова беше година во која сфатив дека ние жените сме посилни отколку што мислиме, похрабри отколку што мислиме и понезависни отколку што мислевме дека сме.

Затоа што која жена во одреден период од животот не се заборавила себеси затоа што барала внимание и љубов од некој друг?

Мене ми се случило, повеќе од еднаш.

Но, доаѓа момент во животот на секоја жена во кој таа не зависи повеќе од некој друг за да ја сака и да ја цени таква каква што е.

Време кога потрагата по некој друг е заменета со потрагата по себе. Време кога желбата да бидеш совршена е заменета со желбата да бидеш автентична. И каде што веќе не е важно да најдеш некој кој ќе ти биде верен, туку она што навистина е важно, е да бидеш верна на себе.

Вистина е дека кога се чувствував најизгубена, музиката ме врати на патот кон себеси. Но, најважните лекции во животот ги научив од други жени, а за нив го напишав тоа што го напишав и го пеев тоа што го пеев. Затоа што само ЖЕНА може да сака додека не се распадне, може да зборува со најбрутална искреност, може да пее со лутина, да танцува во екстаза и да биде доведена до солзи од емоции. Само жена може да го направи тоа.

Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.