Шакира ја имаше најубавата придружба на синоќешното доделување на видео музичките награди на MTV. Нејзините две деца беа со неа на свеченоста во Њу Џерси.
На настанот, каде ја прими престижната награда „Мајкл Џексон“, 46-годишната музичка ѕвезда ги истакна облините во златен металик фустан со гол грб од Версаче.










Во својот говор, Шакира им се заблагодари на децата што ја поддржуваат и што прават да чувствува дека „Мама може сè“.


Покрај тоа што ја доби наградата „Мајкл Џексон“, Шакира победи и во категоријата Најдобра соработка за песната „TQG“ со Керол Џи. За примањето на оваа награда, таа се пресоблече во сина креација, која исто така доаѓа од ателјето на Версаче.








Шакира имаше и феноменален настап на сцената за кој доби бројни комплименти.





