Шакира го украде целото внимание кога зачекори на црвениот тепих на 75-тото издание од Канскиот филмски фестивал.
На премиерата на „Elvis“ на Баз Лурман, 45-годишната пејачка изгледаше атрактивно во црна креација со висок шлиц од брендот Mônot и накит од Chopard. Својот изглед, згодната Колумбијка го комплетираше со црни сандали и елегантни ракавици.





Шакира испраќаше бакнежи во воздухот додека позираше пред бројните фоторепортери.





„Колку извонреден филм за еден од моите омилени артисти на сите времиња“ – напиша таа за биографскиот филм за легендарниот Елвис Присли.








