Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Човекот се враќа во полн сјај“: Врчак повторно запеа со Ламбе Алабаковски на свадба

„Човекот се враќа во полн сјај“: Врчак повторно запеа со Ламбе Алабаковски на свадба

Раде Врчаковски-Врчак и Ламбе Алабаковски повторно запеаја заедно.

42-годишниот македонски музичар, кој во изминативе години беше отсутен од македонската музичка сцена, му се придружи на Ламбе на сцената за време на свадба. Тие ја изведоа нивната песна „Спасете ме другари“, која во 2006 година беше дел од вториот студиски албум на Врчак, насловен „Во твоето срце“.

„Моите молитви се остварија фала Ти Боже вчера тоа ми се потврди! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на Македонската сцена и музика“ – напиша Алабаковски во описот на видеото од настапот.

Претходно, Ламбе сподели фотографии и видео во кое настапува со Петар Грашо на истата свадба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.