Метју Пери ќе стапи во брак. 51-годишниот актер, кој е најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, ја запроси својата 29-годишна девојка Моли Хурвиц.
Метју и Моли се во врска од 2018 година. Среќната вест Пери ја потврди за реномираното списание People. „Одлучив да се верам. За среќа, во врска сум со најпрекрасната жена на планетата во моментов“ – изјавил тој.




Славниот актер изминатиот период повеќе пати беше фотографиран додека се упатуваше на докторски прегледи.







Метју во 1995 кратко време се состануваше со Јасмин Блит од серијата „Baywatch“, а потоа започна врска со Џулија Робертс.
Неговата најдолга врска за која се знае во јавноста е со Лизи Каплан од 2006 до 2012 година.
