Светлана Ражнатовиќ – Цеца и нејзината ќерка Анастасија присуствуваа на премиерата на филмот „Недеља“ во Белград.
Српските пејачки во модерни костуми зачекорија на филмскиот настан во МТС Дворана и привлекоа големо внимание.
50-годишната пејачка носеше сив костум со пердуви на ногавиците, додека 25-годишната пејачка избра кариран костум, кој го искомбинира со црна бунда.












„Недеља“ е биографски филм за покојниот пејач Џеј Рамадановски. Цеца ја сними песната „За крај“ за потребите на филмот.